Wednesday, June 1, 2011

Компјутер-Сметач

Сметач (или компјутер, од англ. computer) е електронски уред кој се користи за обработка на податоци според строго одредена процедура.
Најпрво, обработката на информации со сметачите била ограничена исклучиво на аритметички проблеми, но современите сметачи се користат и за многу задачи неврзани со математика. Оваа дефиниција опфаќа механички уреди како што е шибер, разни механички пресметувачи од абакус па натаму, како и сите современи електронски пресметувачи. Некогаш постоела поделба на аналогни и дигитални електронски сметачи, но со време аналогниот изумрел па денес поимот сметач се однесува исклучиво на дигитален сметач. Современите пресметувачи (сметачи) се појавиле во педесетите години од дваесетиот век, а работеле така што податоците се припремале на издупчени картици и потоа преку посебни оптички читачи се внесувале во сметачот каде понатаму се вршела обработка на податоците. Резултатот се прикажувал на монитор или со помош на принтер се принтале на хартија. Во седумдесетите се појавиле џебните пресметувачи, кај нас познати под името дигитрони.

Главни сметачи

Главен сметач во 70-те години
Скоро истовремено се воведени оддалечени (тн. „глупи“) терминали кои имале монитор и тастатура за внос на податоци во едно куќиште но обработката на податоците и поната се вршела во главниот (и единствен) сметач. Подоцна се појавиле и „интелигентни“ терминали кои дел од операција можеле да го извршуваат сами. Википедија, денес, е во електронска смисла организирана на сличен начин - главниот сметач е во САД, а интелигентните терминали кај корисникот. Интернетот има улога на „мрежа“.

[уреди] Домашни сметачи

По пронаоѓањето на интегралните кола, а помеѓу нив посебно микропроцесори и мемориски интегрални кола кон крајот на шеесетите години, во седумдесетите се појавиле домашните сметачи од типот Apple, Sinclair (ZX Spectrum, ...), Галаксија, Commodore (VIC, 64, ...) итн... Главна намена им била да служат како скромни процесори на текст, малку вкрстени табели и, најважно, игри. Иако не треба да се заборави дека сметачот, ако говориме за професионална примена, во 80% од случаите се користи како обработка на текст.

Лични (персонални) сметачи

Crystal Clear app xmag.png Главна статија: „Личен сметач.

Thursday, May 19, 2011

Основни поими за информатиката

    • Основни поими на информатиката се: податок, информација, обработка на податоци, информатика.
~Информација
*Под зборот информација се подразбира сознание, поим и претстава на нештата.
*Информациите се пренесуваат на различни начини: усно, преку весници, преку телевизаја, преку радио, преку книги, преку интернет…
~Податок
*Податок е запис на информацијата. Податокот е најчесто запишан со букви, цифри, знаци, но може да биде слика, звук или боја.
*Информацијата е апстрактен поим и затоа мора да биде прикажана преку податоци разбирливи за човекот.
~Обработка на податоци
*Обработка на податоци претставува низа дејства на податоците со цел да се добие информација.
*Автоматска обработка на податоци

Поим за Информатика

Информатика е наука која ги изучува теориските основи на информацијата и сметањето и нивната примена во компјутерски системи (било да се апстрактни или не).
Историја на информатиката Зборот информатика за првпат се спомнува во Германија во 1957 година од страна на Карл Штајнбух. Информатиката ја има за основа математиката, електрониката, физиката и некои инженерски науки. Чарлс Бебиџ во 19 век измислил нашина која земала податоци, ги обработувала, и на некој начин обработените податоци ги покажувала. Во тоа време тоа бил механички систем, додека денес сметачите се електронски. Еден од најголемите теоретичари на модерната информатика е англискиот математичар Алан Тјунинг. За време на втората светска војна работел на Енигма, машина која германската војска ја користела за шифрирање и дешифрирање на пораки. Тјунинг развил процес со кој сите пораки можеле да се дешифрираат. Во текот на тие истражувања настанала познатата Тјурингова машина.
Исто позната како Computer Science на англиски, Informatique на француски и Информатика на руски.

Фото Албум

Tuesday, May 17, 2011

Омилени личности

Бојана Атанасовска е популарна поп-пејачка и текстописец од Република Македонија
Кариерата ја започнува во 2003 година со реално ТВ шоу игра - Пребарај за ѕвезда дома Нејзиниот прв сингл беше "Па Živej Prašanjeto"("живо со прашањето") Истата година, таа учествуваше во музичката конкурс наречен Макфест Штип со песната "nemam Одбрана"("Јас немам одбрана") и го освои првото Истата година, таа исто така освои две музика contestthe Aromanian натпреварот "Fantana ди Малме" со песната "г? е Poludam" ("Јас ќе пукнам" ) во Aromanian јазик и раса Марко Поло во Хрватска

Бојана има издадено албум наречен "Celosno Ти Pripagjam"Во 2006 година, таа учествуваше во натпреварот за избор за Песна на Евровизија со песна 3 што предизвика многу гласини дека можеби изборот е прогласен за национален финале Елена Ристеска го освои со песната "Ninanajna Таа, исто така, имаше неколку duetsincluding на дуети со Ѓоко Танески и групата црногорскиот No Name "Моја Мала"

Monday, May 16, 2011

Омилени Личности

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје, Македонија (тогаш СР Македонија во составот на СФР Југославија). Родена е како второ дете во домот на Деса и Ацко Ристески. Таа уште во своите рани години покажала интерес кон музиката и уметноста. Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови. Подоцна се приклучува кон КУД „Кочо Рацин“ во одделот за народни ора и танци. Со ова културно уметничко друштво гостува во неколку европски земји.
Во 1996 година таа започнува и да пее во училишниот хор. Нејзиното меѓународно претставуваше со хорот било во Бугарија. Во 1998 година таа започнала и со цртање и при тоа се здобила со повеќе награди. Во 2000 година заедно со играорната дружина била на турнеја во Бугарија, Чешка Република и Турција.

   
 

Омилени Личности

Kаролина Гочева е(родена на 28 април 1980) е македонска поп пејачка, која 2 пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место. Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапи со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.
Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал "Си-До" во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната "Мамо, пушти ме". На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера. Стана редовен учесник на фестивалот Скопје-Фест, дебитирајќи во 1994 со песната "Кој да ти каже".